„Газета дело Спорт“ ја демантираше Ванда: Икарди заминува за 70 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди на крајот на сезонава речиси сигурно ќе го напушти Милано, иако неговата сопруга и агент Ванда Нара кажа дека такво нешто нема да се случи.

Италијанските медиуми пишуваат дека Икарди ѝ кажал на управата дека сака да го напушти тимот на лето, зашто верува дека пристигнало времето за да направи нов чекор во кариерата.

Прво се шпекулираше дека би можел да се пресели во Јувентус, но очигледно сака да игра надвор од Италија.

„Газета дело Спорт“ објави дека Икарди се договорил со ПСЖ и дека наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Парижаните.

Интер, наводно, се согласил на понуда од 70 милиони евра за Икарди, па може да бидат задоволни затоа што на Аргентинецот наскоро му завршуваше договорот.