Германците мораа принудно да слетаат во Шкотска поради дефект со авионот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Авионот кој требаше да стигне од Рејкјавик до Франкфурт со фудбалските репрезентативци на Германија, вчера мораше итно да слета во Единбург.

Како причина за принудното слетување се споменува дефект, а членовите на селекцијата ќе летаат со различни летови до одредени дестинации.

Претходно беше планирано авионот во Франкфурт да слета во 5.50 часот, но тоа не се случи. Сепак, за среќа сите фудбалери се во ред.

Фудбалската репрезентација на Германија во средата со 4-0 го совлада Исланд, и тоа во мечот од шестата коло во групата Ј од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.