Германците одлучија, на почетокот на мај ги продолжуваат првенствата

Здружението на германските клубови одлучи на почетокот на мај да се започне со натпреварите во оваа земја.

Во Германија првенствата се одложени до 30 април, а 36 професионални клубови на денешниот соостанок изгласале натпреварите да почнат да се играат од почетокот на мај.

„Кикер“ пишува дека нивниот план е до крај натпреварите да се одиграат без присуство на публика. Во Германија сакаат сезоната да заврши до 30 јуни и ќе сторат се за работите да поминат во најдобри услови.

Што се однесува до Премиер лигата, се очекува и таа да продолжи, но таму најрано би продолжиле кон средината на мај.