Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите скандали во последните години, откако германското јавно радио Deutschlandfunk објави резултати од истражување што отвора сериозни прашања за дистрибуцијата на влезници.
Според тврдењата на овој медиум, одредени национални фудбалски сојузи наводно препродаваат билети за натпреварите на Мундијалот по многу повисоки цени од тие што ги одреди ФИФА.
Во истражувањето се наведува дека Deutschlandfunk поседува документација која укажува на таква практика кај осум национални сојузи.
Меѓу нив, според нивните тврдења, се и сојузите на двете земји-домаќини, САД и Мексико.
Покрај нив, во текстот се споменуваат и Ирак, Зелено’Ртските Острови, Еквадор, Албанија, Сан Марино и Кукови Острови.
Германскиот медиум наведува дека постојат индикации дека бројот на сојузи вклучени во оваа практика може да биде значително поголем.
Како што тврдат нивните извори, некои влезници се продавале по цени што биле и до четири пати повисоки од нивната оригинална вредност.
















