Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баерн Минхен летово планира да направи неколку промени во екипата. Баварците одиграа неверојатен втор дел од сезоната по што ја обезбедија титулата во Бундеслигата и Купот на Германија.
Клубот реши да направи промени во составот, а според германските медиуми ќе заминат Хави Мартинез, Свен Улрајх, Иван Перишиќ, Алваро Одриозола и Филипе Кутињо.
Последните тројца во Баерн се на позајмица од Интер, Реал Мадрид и Барселона, а Баварците не се задоволни ниту со еден од нив.
Уште еден фудбалер за кого постои можност да замине е Тиаго Алкантара, 29-годишниот фудбалер кој претходно се поврзуваше со трансфер во Ливерпул.
„Кикер“ објави и дека Баерн планира да биде активен на трансфер-маркетот, односно да ангажира неколку играчи.