„Германци дојдете, ве чекаме“

Пол Погба се запиша синоќа во листата кога со ефектен погодок веќе во првото полувреме ја запечати судбината на Исланд.

Играчот за врска игра одлично во оваа година, што зборува и фактот дека Реал Мадрид грчевито се бори негов трансфер после првенството.

Нареден противник на Галските петли е репрезентацијата на Германија, а играчот за врска добро знае со каков тим се соочува.

„Пред се сум многу среќен што сме во полуфиналето. Во текот на ова натпреварување, Германците покажаа квалитет и одма дадоа до знаење за каква екипа се работи. Но ние се плашиме. Ги чекаме со нетрпение“, додаде Погба.