Гестот на Камавинга никогаш нема да го заборават Украинците (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едуардо Камавинга вчера настапи за репрезентацијата на Франција до 21 година на мечот против Украина (3-3) во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Младата ѕвезда на Реал Мадрид направи одличен потег, откако ја посети соблекувалната на украинските фудбалери и им подари дресови од француската репрезентација.

„Знаеме дека поминувате низ лош период и ова е подарок за сите“, кажа Камавинга, кој неодамна го освои трофејот во Лигата на шампиони со Реал Мадрид.

Франција заврши на првата позиција во групата Х со 26 бодови, додека Украина е втора со 20 бода, па така младите Французи директно се пласираа на ЕП и ќе бидат фаворит за освојување на трофејот.