Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите јавуваат дека работата е завршена, клуботе молчат, но нема дилема дека Марио Геце заминува од Баерн!
Како што се и шушкаше, Марио Геце ќе се врати во Дортмунд. Сумата ќе биде значително помала од таа за која стигна од редовите на Милионерите во Баерн, но изгледа дека останаа детали.
Борусија понуди 23 милиони евра, Баварците бараа 27, но никој не се сомнева дека клубовите ќе се договорат. Геце веќе прифати да се врати во Дортмунд од кој замина за 37 милиони евра во Баерн, пред неколку сезони.
Тој не успеа да се наметне, ниту да се развива како играч во Баерн, едноставно не успеа кај Пепе Гвардиола да се избори за место во тимот, а не може да смета ни за поголема минутажа ни кај Карло Анчелоти.
Наводно Италијанецот тоа и му го рекол, па од понудите од Англија и Германија, Геце го избра поранешниот клуб.
Тој можеше во Тотенхем, но, се одлучи да остане во Германија.
Во своето прво враќање на Вестфален со Баерн, дочекан е како предавник, со навреди, па ќе биде интересно да се види како навивачите на Дортмунд сега ќе се однесуваат.
Гесе со Обамејанг и Ројс треба да сочинува пеколно трио во нападот, а неговото враќање и евентуалното доаѓање на Ширле, секако Милионерите треба да имаат одлична офанзива и голем број на опции.
Во секој случај, Геце ќе биде големо засилување, ако успее да се врати во таа форма во која ја покажуваше играјќи за Дортмунд од 2009 до 2013 година.