Ги дочека своите пет минути: Момче ја пречека камерата и стана хит на интернет (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Локомотива Москва и Јувентус се соочија во четвртото коло од Лигата на шампиони во Русија, а пред мечот едно момче ги дочека своите пет минути, па стана хит на социјалните мрежи.

Момчето покажа кој е неговиот вистински фудбалски идол, а според тоа што го „фати“ камерата, Пол Погба е фудбалер, кој најмногу го сака, а доказ за тоа е популарниот танц, кој Французинот го изведува по секој гол, а тоа го имитираше детето.

Навистина симпатично видео, кое веднаш заврши на социјалните мрежи, па предизвика многу реакции од страна на корисниците на Твитер и останатите социјални медиуми, а сигурно ќе се израдува и самото кога ќе ја види снимката.