Ги нема Рамос и Роналдо, но има изненадувања: Анчелоти со овој тим сака да ја освои Европа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти пред неколку дена го презема Реал Мадрид по вторпат во неговата кариера. Пред него има многу работа затоа што за разлика од пред седум години, тимот се промени драстично.

Шпански „АС“ објави како би требало да изгледа тимот на Анчелоти во новата сезона и ќе има неколку изненадувања во стартниот состав, додека потенцијални засилувања допрва треба да стигнат.

За разлика од првиот мандат, Анчелоти на располагање нема да ги има Кристијано Роналдо и Серхио Рамос, а најголемо изненадување во екипата ќе претставува враќањето на Герет Бејл.

Во стартниот состав ќе игра и Давид Алаба, со кој италијанскиот тренер се запозна додека го предводеше Баерн Минхен.

Анчелоти во првиот мандат со Реал ја освои Лигата на шампиони, шпанскиот Куп, Суперкупот и Светското клупско првенство.