Ги прекршил правилата над 100 пати: Ќе добие ли казна Манчестер сити?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерлигата соопшти дека англискиот шампион Манчестер сити е пред сериозна казна затоа што ги прекршил финансиските правила над 100 пати, па независна комисија ќе донесе конечна одлука.

Комисијата треба да ги истражи финансиите на клубот од 2009/10 до 2017/18, кога тимот освои три титули во Премиерлигата.

Ако се прекршени правилата, тогаш „граѓаните“ се соочуваат со сериозна казна, односно може да им бидат одземени бодови, а се споменува и исфрлање од Премиерлигата што е малку веројатно.

Манчестер сити претходно беше исфрлен и од натпреварувањата на УЕФА, но Спортискиот арбитражен суд ја поништи одлуката.