Ги украл податоците на Пеп Гвардиола и му барал 100 000 фунти: Видов многу интересни работи …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се нашол во мала неволја.

Пеп е жртва на ИТ професионалец кој успеал да влезе во неговата е-пошта и достави некои прилично интересни информации. Како што се очекуваше, тој одлучил да ги стави на продажба и бара дури 100.000 фунти.

И во интервју за Сан, хакерот тврди дека има некои многу интересни пораки, телефонски броеви на сите фудбалери и разговори со потенцијалните засилувања на Сити.

“Ова беше најлесното нешто што го направив. Јас бев во можност да ја “превземам ” секој е-маил што ја испратил. Јас не ги чувам информациите со мене затоа што ќе го најдат мојот телефон. Јас видов многу интересни работи”, изјавил тој.

Тој исто така потврдил дека пронашол разговори за трансферот на Матијас де Лихт, па дури и Сократис Папастатопулос и дека може да ги види сите други детали поврзани со sвездите на Сити, вклучувајќи ги и нивните исплати.

Сепак, разговорот за Сан скапо го чинеше. Репортерите го контактирале клубот и побарале информации за настаните околу украдените е-мејлови на Пеп Гвардиола. Клубот веднаш ја алармирал полицијата и во понеделникот е уапсен 30-годишен маж.

„30-годишник е уапсен и обвинет за кражба на лични податоци. Тој беше пуштен на слобода по разговор во полициска станица и истрагата продолжува“, соопшти полицијата.