Гигантите од Серија А тргнуваат по Бенатиа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Три клуба од Серија А сакаат во своите редови да го доведат дефанзивецот на Баерн, Мехди Бенатиа.

Менаџерот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Мехди Бенатиа, откри дека немал никаков конткат со управата на Рома, но додаде дека на масата има понуди од Јувентус и Интер.

Искусниот дефанзивец ја разгледува опцијата за враќање во Серија А, а за почеток позајмицата изгледа како најреална опција.

“Се што медиумите пишуваат нема врска со вистината. Ако Мехди заминува од Баерн тоа нема да биде позајмица, туку потпишување на повеќегодишен договор со некој од заинтересираните клубови”.

“Во овој момент можам да кажам дека со управата на Рома не сме имале никаков контакт. Постои можност да дојде до преговори, како што преговараме со Јувентус и Интер кои покажаа интерес за Мехди”– изјави агентот на фудбалерот.