Гигантите во борба за СМС: Јувентус нуди фудбалер плус пари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ е желба на многу италијански клубови, Милан покажа најголем интерес, но повторно се појави Јувентус.

Минатата година Јувентус го понудија Пјаца и 80 милиони евра за СМС, но Клаудио Лотито ја одби понудата.

„Старата дама“ сега сака да го понуди Квадрадо, а исто така и уште 70 милиони евра, но засега не е познато дали Лотито ќе ја прифати таа понуда.

Италијанските медиуми пишуваат дека, наводно, Лотито би се согласил на понуда од 100 милиои евра, односно дека не сака екстра фудбалер и некоја понуда од 70-80 милиони евра.

Лацио се наоѓа во тешка ситуација во моментов бидејќи се борат за пласман во Лигата на шампиони, па ги очекува голема војна.