Главоболки за Артета: Арсенал остана без важен фудбалер до крајот на сезоната

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на скочниот зглоб.

Тореира се повреди минатиот понеделник во победата против Портсмут со 2-0 и го напушти стадионот на патерици. На прегледите беше потврдена скршеница, што начи и пауза до десет недели.

Тоа е само уште една повреда во Арсенал, па на гостување во среда кај Сити одат без Чејмберс, Колашинац, Соареш, а не е познато дали ќе настапи ниту Шкодран Мустафи.

Со победата против Вест хем, Арсенал стигна на осум бодови помалку од четвртопласираниот Челси.