ГН Белгија – Розберг на пол позиција, Ферстапен влезе во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот е најмладиот возач во Формула 1 кој ќе ја стартува трката од првиот ред. Има 18 години.

Нико Розберг ќе стартува прв на ГН на Белгија. Иако втор, Марк Ферстапен е во центарот на вниманието бидејќи успеа да стане најмлад возач кој се изборил за старт од првиот ред т.е од првите две позиции.

Холанѓанецот тоа го направи во Белгија. Ова момче од 18 години е во најава на голема ѕвезда во Ф1 следните години.

Трет беше Кими Раиконен, четврт неговиот колега од Ферари, Себастијан Фетел. Пети Рикиадо, а потоа следат Перез, Хулкенберг, Ботас, Батон и Маса.

Луис Хамилтон ќе стартува од последната позиција.