Го бараат многу клубови, но Ливерпул неговата следна дестинација?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело Брозовиќ игра одлично во дресот на Интер во последно време и ќе биде тешко за овој клуб да го задржи.

Многу клубови би биле задоволни да го имаат репрезентативецот на Хрватска во своите редови, а Ливерпул е најголемиот фаворит.

„Агентот на Брозовиќ е контактиран од Ливерпул да ги договори сите детали за неговиот трансфер. Интер се обиде да го задржи играчот, но тој не успеа во тоа“, пишува Либер.

Италијанските медиуми тврдат дека има уште неколку екипи, меѓу кои и Реал Мадрид, го посакуваат Брозовиќ во своите редови.

Сепак, фаворит е Ливерпул, а работата е скоро завршена бидејќи Клоп навреме реагирал и го осигуран трансферот на Брозовиќ.