Го изнервира Конте, Челси ја одреди цената!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Работите се многу јасни, италијански клубови се заинтересирани, но ова никој нема да го плати.

Бразилецот Оскар не е во плановите на Антонио Конте за наредната сезона.

Имено, Италијанецот прилично го изнервира мрзеливиот Бразилец, му замерува дека недоволно се труди, па Челси пробува да го продаде некогашниот фудбалер на Интернасионал кој чини повеќе од 20 милиони евра.

И самиот играч сака да ја промени средината, но тешко е да се верува дека некој може да понуди и блиску до сумата која ја бараат Сините.

Англиските медиуми пишуваат дека цената на Оскар е 35 милиони евра, за него во минатото лето беше заинтересиран Јувентус, но тогаш цената беше 40 милиони, Мурињо тогаш не беше баш заинтересиран да го пушти.

Сега се појави Интер, меѓутоа и за нив ова е премногу, со тоа што тимот во наредните неколку дена ќе го реализираат трансферот на Кандрева од Лацио за околу 25 милиони евра.

Јува наместо Оскар го цели Матиќ, но Конте не сака да го пушти Србинот во својот поранешен клуб.

Инаку, целата ситуација со Оскар потсетува на тоа кога доаѓањето на Конте практично значеше крај за Красиќ во Јувентус.

На Србинот не му замеруваше дека е мрзлив, веќе дека не знае јазик, но и дека не се движи без топка.

Красиќ кај Конте одигра неколку мечеви, но не даде никаков придонес при освојувањето на таа титука во првата сезоан кога сегашниот тренер на Челси го превзеде Јуве.