Го молеле Дончиќ да се врати во игра, но тој покажа зошто е специјален кошаркар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенија славеше со 118-100 против Аргентина во својот прв меч на Олимписките игри во Токио, а тема на денот е Лука Дончиќ, кој постигна 48 поени од кои 31 до крај на прво полувреме.

Дончиќ имаше можност да го урне рекордот на Оскар Шмит од 1988 година, кој постигна 55 поени на еден меч, но Словенецот одмараше во најголем дел од последната четвртина и не сакаше да го урне рекордот.

„Му предложивме на теренот да го врати Дончиќ во игра, но Лука не сакаше. Негова цел не е поставување рекорди, туку победи со Словенија“, вели Блажевиќ по натпреварот.

На овој начин Дончиќ ги воодушеви сите затоа што на прво место ја става екипата, а не своите лични рекорди.