Го најавуваа како светла иднина на Реал Мадрид, ама сега ќе „летне“ од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид прави голем број промени за иднината, а шпанскиот гигант во минатото им даде шанса на младите фудбалери, но сега ќе продаваат и дел од играчите кои не им се потребни.

Прв на листата е Марко Асенсио, кој беше стандарден кај Зинедин Зидан, но потоа доживеа тешка повреда и повеќе не е ист.

Момчето од Мајорка не е задоволен со минутажата, па наводно побарал да замине на зима и има понуди од Премиерлигата и Италија.

Тој е дури 16. фудбалер по минутажа во дресот на „кралевите“ сезонава, а пред него е Камавинга кој стигна во клубот неодамна. Анчелоти му ја промени и позицијата на Асенсио, па го турна во средината и смета дека му одговара таа позиција повеќе, но не му дава шанса.

Јувентус, Арсенал, Ливерпул и Милан го сакаат Шпанецот, но ќе мора да чекаат до следно лето за да го купат.