„Го одбив Манчестер само од една причина“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Мат Хумелс премина неодамна од Дортмунд во екипата на Баерн од Минхен.

Долго се зборуваше за то каде Хумелс ќе ја продолжи кариерата, а некое време се чинеше дека Манчестер Јунајтед е наблиску да го ангажираат.

Хумелс денеска во разговор за весникот Suddeutsche Zeitung откри дека Манчестер Јунајтед не бил во конкуренција за наредната сезона бидејќи во наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

„Кога бирав клуб за наредната сезона, тоа значеше дека тој клуб мора да поседува многу работи. Да биде тоа клуб во кој отсекогаш сакам да играм, да има високи цели и во наредната сезона да игра во ЛШ. Токму од оваа последна причина еден клуб испадна, а можете да претпоставите за кој се работи“, рече Хумелс.

Да потетиме дек овој дефанзивец со Баерн потпиша петгодишен договор.