Го прашаа Роналдињо кој ќе ја освои Лигата на Шампионите, неговиот одговор ги шокираше сите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо имаше прилика да го подигне пехарот на Лигата на Шампионите во времето кога играше за Барселона.

Роналдињо најдобрите денови од својата кариера ги помина во дресот на каталонскиот клуб со кој во 2006 година стигна до трофејот на Лигата на Шампионите. После тоа одлучи дека фудбалот не му е веќе приоритет број еден и покрај тоа што сите веруваа дека тој имал уште многу да покаже.

Бразилецот минатата година официјално ја заврши својата играчка кариера и сигурно ќе остане запаметен како еден од последните фудбалски магионичари со топката на фудбалските терени.

Роналдињо призна дека во последно време не следи фудбал како што многу кажуваат, но секако наоѓа време да изгледа по некој добар натпревар. Тој откри дека најмногу сака да ги гледа Европските натпревари и натпреварите во Лигата на Шампионите.

Исто така ги изненади сите со одговорот на прашањето кој би можел да ја освои Лигата на Шампионите оваа година, а неговиот одговор беше Тотенхем и покрај тоа што сите мислеа дека тој ќе ја избере Барселона.

„Зошто Тотенхем да не може да ја освое Лигата на Шампионите? Заради тоа што никогаш или што немаат никаква историја во тоа натпреварување? Тоа се глупости. Верувам дека тие можат да одат до крајот оваа сезона и тоа го докажаа со играта против Манчестер Сити“, рече Роналдињо и додаде:

„Знам дека многумина мислат дека ќе ја изберам Барселона, но овај пат типувам за Тотенхем. Ја сакам Барселона и верувам во нив, но ете, оваа сезона очекувам некое големо изненадување“.