Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фиорентина вчера одигра добар меч против Јувентус, па малку им недостигаше на фудбалерите од Фиренца да победат.
Дуелот заврши без голови, а по мечот сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо зборуваше за мечот, но беше и воодушевен од Франк Рибери, кој летово стигна како слободен фудбалер од Баерн Минхен и вчера 36-годишниот Французин го почна дуелот.
„Многу сум среќен, тоа беше добар натпревар. Момците го дадоа своето срце. Го видовте ли Рибери на 36 години. Играше подобро од Роналдо. А двајцата Италијанци, Кастровили и Киеза? Јувентус имаше големи фудбалери во вредност од 300 милиони, а ние од 50“, вели Комио.
Фиорентина освои само бод во три кола, но имаше и тешки ривали како Наполи и Јувентус, иако во второто коло разочараа со поразот од Џенова.