Гобер тргна кон Јокиќ, но удри на „армиран бетон“ (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер денеска ја победија екипата на Минесота во Минеаполис со резултат 123:112 во НБА лигата. Во победничкиот тим блескаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции, а главната борба ја водеше со францускиот центар Руди Гобер.

Така, интересна сцена се случи за време на нападот на Минесота каде што Гобер го нападна Јокиќ. Французинот го сврте грбот кон кошот, но наместо лесни поени, “удри” на српскиот кошаркар, а од силата на дуелот, му падна топката од рака на Гобер.