Годините се само бројка: Леброн има едно од најспектакуларните забивања сезонава (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс покажуваат „знаци на живот“ по катастрофалната серија на резултати во последно време, па успеаа да запишат две победи во последните три меча и останаа во трката за плејофот.

Минатата ноќ Лејкерс беа во Кливленд, каде што Леброн Џејмс ги предводеше до триумф со 131-120 со 38 поени, но „кралот“ имаше и спектакуларен потег кој го одбележа натпреварот.

Џејмс немаше милост кон неговиот голем пријател Кевин Лав, кој му се најде на патот, па брутално го прескокна и постигна атрактивен кош.