Ѓоковиќ даде коментар по забраната од САД


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Квентин Алис и обезбеди четвртфинале на турнирот во Аделаида.

Мечот против Алис отана во сенка на веста која ја доби Ѓоковиќ за турнирите во Индијан Велс и Мајами, каде што најверојатно нема да му биде дозволено да заигра.

САД има строги критериуми и оваа година, односно условите за влез во САД остануваат исти и мора секој да има примено барем две вакцини против ковид-19.

„Ја видов информацијата, но не е официјална. Кога ќе биде официјално, тогаш може да зборуваме. Се надевам дека може да играм. Но, ако не ми биде дозволено, тогаш ќе ја прифатам одлуката“, кажа Ѓоковиќ.