Ѓоковиќ доби оро компонирано од Жељко Јоксимовиќ (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи во полуфиналето на Вимблдон, а во меѓувреме доби оро компонирано од страна на пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Јоксимовиќ бил инспириран и направил „Оро за Ноле“ кое го објави на социјалните мрежи, а истото стана хит за кратко време.

„Направив оро за Ноле, инспириран од последните случувања. Кој пее, зло не мисли“, напиша Јоксимовиќ.