„Ѓоковиќ е добар тенисер, но Федерер е најдобар во историјата“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ минатиот викенд го освои неговиот шест трофеј на Вимблдон, кој му беше вкупно 20. гренслем-трофеј во кареирата и така се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на титули на големите турнири.

Веднаш по триумфот над Италијанецот Матео Беретини во финалето почнаа коментарите за тоа дали Србинот е најдобар во историјата, а свое мислење даде и Ришар Гаске.

Гаске во интервју за „Л’Екип“ вели дека Србинот е одличен тенисер, но Федерер е најдобар во историјата.

„Тенисот го гледам поинаку од другите. Од секогаш зборував дека за мене не е важен бројот на гренслем-титули кога станува збор за најдобар во историјата. Не ги гледам само бројките, туку и техниката и тоа што го прави тенисерот на теренот. Федерер за мене е најдобар во историјата“, вели Гаске.