Ѓоковиќ е на списокот на учесници на Ју-Ес опен, но сè уште постои проблем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на учесници на Ју-Ес опен, откако повеќе пати повтори дека сака да игра на последниот гренслем-турнир во сезоната, но проблем е тоа што не е вакциниран.

Иако Ѓоковиќ се надева дека мерките до август ќе бидат намалени или ќе добие посебна дозвола за настап на турнирот, сепак од Америка доаѓаат лоши вести.

Организаторите на Ју-Ес опен соопштија дека не сакаат да се мешаат во ситуацијата и да бараат медицински исклучок, како што направија во Австралија.

Во меѓувреме беше почната и петиција во која се бара Србинот да заигра на турнирот, а ја потпишаа повеќе од 12.000 луѓе.