Ѓоковиќ е пред тешка одлука – вакцина или крај на кариерата!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тенискиот сојуз на Австралија денеска ќе направи ревизија на целиот случај на првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран и нема да ја брани титулата во Мелбурн.

Ѓоковиќ стигна во Белград, а по враќањето дома одби да дава изјави за новинарите и кажа дека сака да одмори одреден период по пеколот во Австралија.

„Разбираме дека случувањата беа непријатни за сите и длабоко жалиме поради влијанието на сите тенисери. Секогаш постојат лекции кои треба да се научат и ние ќе ги прегледаме сите аспекти од нашите подготовки пред турнирот, како и секоја година“, соопштија од Австралија.

По Мелбурн не е сигурен настапот ниту на другите турнири за Ѓоковиќ затоа што се бара задолжителна вакцинација, а Србинот не е вакциниран.

Српските медиуми пишуваат дека пред Ѓоковиќ е тешка одлука, односно мора да се вакцинира ако сака да игра тенис, а доколку не го направи тоа, тогаш крајот е неизбежен.