Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ тргна со триумф во првото коло против Роберто Карбаљес Беана на Ју-Ес Опен, а Србинот со неговиот најнов потег ги воодушеви навивачите.
Србинот покажа дека е страсен навивач на Црвена Звезда, која се бори против Јанг Бојс за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, откако го помести неговиот тренинг само за да го гледа мечот на „црвено-белите“.
„Ќе го гледам натпреварот на Ц. Звезда. Ќе го поместиме тренингот, кој беше закажан за девет часот по наше време. Јас навивам за нашата екипа и мора да ги пофалам за тоа што го постигнаа во последните три години“, порача Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во следното коло на Ју-Ес Опен ќе игра против Хуан Игнасио Лондеро.