Ѓоковиќ го дозна патот до титулата на Ју-Ес Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го почне походот кон титулата на Ју-Ес Опен против Французинот Александар Милер.

На ждрепката беа познати и потенцијалните противници на Ѓоковиќ на патот кон титулата во Њујорк, па така во второто коло треба да се соочи со подобриот од мечот меѓу Запата Мираљеш – Квин, додека во третото би можеле да заигра против Ласло Ѓере или Брендон Накашима.

Во четвртото коло би можел да се соочи со победникот од средбата меѓу Оже-Алиасим и Франсиско Сеундоло, а во четвртфиналето можни противници се Тејлор Фриц и Стефанос Циципас.

Полуфиналето може да му донесе средба против Холгер Руне и Каспер Руд, додека на спротивната страна се Данил Медведев и Карлос Алкараз, кои се споменуваат како кандидати за битка за титулата.