Ѓоковиќ го понижи Де Минар за пласман во четвртфинале во Австралија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфинале на Австралијан опен, откако со 3-0 во сетови го совлада Алекс Де Минар.

Ѓоковиќ му дозволи на неговиот ривал да освои само пет гема, и тоа по два во првиот и третиот, како и еден гем во вториот сет (6-2, 6-1 и 6-2).

Србинот е на добар пат да освои уште една титула во Мелбурн, а така ќе се израмни по број на гренслем-трофеи со Рафаел Надал (22).