Ѓоковиќ го состави совршениот тенисер од – Надал, Федерер, Кирјос, Агаси…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби интересно прашање во текот на прес-конференцијата, по победата во осминафиналето на Вимблдон.

Новинарите ги интересираше како би изгледал совршениот тенисер според Ѓоковиќ, а Србинот еднаш на стартот кажа дека нема да користи ниту еден од неговите квалитети.

Форхенд би земал од Роџер Федерер и Рафаел Надал, а исто така и нивната психичка сила, додека за бекхенд и ритерн ги избра Енди Мареј и Андре Агаси.