Ѓоковиќ ја откри најголемата слабост на Надал пред Ролан Гарос


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го освои Рим по петти пат во кариерата, со што ја продолжи серијата и во 2020 година, иако на Ју-Ес опен беше дисквалификуван и му беше скратена можност да се бори за гренслем-трофејот.

Ѓоковиќ по титулата во Рим на пресот доби прашање за тоа колку му значи титулата по шокот во Њујорк и тешките моменти во неговата кариера.

„Кажав и на отворањето на турнирот на пресот, психички доживеав многу успеси и падови во првите четири, пет дена на Ју-Ес опен. Беше во шок, како и многу други луѓе. Мислам дека ми помогна тоа што имав друг турнир веднаш по него. Надал е прв фаворит на Ролан Гарос. Но, дефинитивно Шварцман покажа дека може да се победи Надал на земјен терен. Условите во кои игра сега, кога нема многу отскокнување на топчето од земјата, кога е поголема влажноста, кога се игра навечер, тој игра полошо“, вели Ѓоковиќ.