Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра одлично на Австралијан опен, иако го мачи повреда, но се надева дека ќе стигне до нова титула во Мелбурн.
Алекс Де Минор е последна жртва на српскиот тенисер во Мелбурн, и тоа во три сета (6-2, 6-1 и 6-2), а многумина се посомневаа во повредата на Ѓоковиќ.
„Сомнежите ги оставам кај нив, така нека продолжат. Немам чувство дека треба на некого да му докажам нешто. Имаме снимки од пред две години, магнетна резонанца, ултразвук. Не знам дали ќе го објавам на социјалните мрежи. Не ме интересира што зборуваат. Ќе паднат уште многу маски, посебно маските кои беа создадени во последните две години во оваа ситуација. Тоа сакам да го видам“, кажа Ѓоковиќ.