Ѓоковиќ мора да ѝ исплати голема отштета на Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го загуби спорот пред австралискиот Суд и ќе мора да ја напушти Австралија. Најдобриот тенисер во свет се жалеше на одлуката да му биде укината визата, но судиите едногласно решија дека министерот Алекс Хок постапил правилно.

Ѓоковиќ мора набрзо да ја напушти Австралија, а три години не смее да влезе во државата и ќе мора да ги плати и трошоците за судење, односно сума од 500.000 долари.

По завршената постапка и пресудата се јави и австралискиот министер за миграција, Хок кој ја поздрави одлуката на Судот.

„Ја поздравувам едногласната одлука на Сојузниот суд на Австралија, кој го потврди моето право во јавен интерес да му ја одземам визата на господинот Новак Ѓоковиќ“, кажа Хок.