Ѓоковиќ може да заглави во затвор до пет години!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ во Австралија уште не е расчистена, а медиумите пишуваат дека властите се обидуваат да најдат грешка во чекори на најдобриот тенисер во светот и да го затворат.

„Сиднеј Морнинг“ објави дека австралиските власти ја прошириле истрагата и ги проверуваат сите грешки на Ѓоковиќ и кршење на ковид-протоколот.

Министерот за миграција, Алекс Хук размислува дали повторно да ја укине визата на Ѓоковиќ на основа на претходниот позитивен тест на ковид-19, но би можел да размисли пред да направи таков потег затоа што судот веќе му ја врати визата на Србинот.

Ѓоковиќ сака истрагата да се заврши што е можно побрзо за да има малку време да се подготвува за почетокот на турнирот, а властите не се брзаат и ако откријат лажна изјава, тогаш му се заканува петгодишна затворска казна.