Ѓоковиќ му даде важен совет на Синер


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна се договори со Енди Мареј да му биде нов тренер, а притоа имаше и неколку интервјуа со различни медиуми.

Ѓоковиќ имал интервју и со „Газета дело Спорт“ во кое му дал и совет на италијанскиот тенисер Јаник Синер кој има извонредна година зад себе.

„Мислам дека на Синер му оди добро и без мои совети. Сепак, едно е да ги освоиш првите два гренслема и да станеш светски рекет број еден, но друго е да останеш на врвот долги години. За да успеете во тоа, мора да имате компетентен тим со кој може да соработувате долго време. Синер во следниот период мора да најде вистинска формула и да инвестира во своето тело за да спречи повреди“, кажа Ѓоковиќ.