Ѓоковиќ: Не сум пријател со Федерер и Надал!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја одбрани титулата на Мастерсот во Рим, а во меѓувреме даде изјава за „Кориере дела сера“, а главна тема беше неговиот однос со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ, Федерер и Надал заедно имаат освоено вкупно 64 гренслем-титули и тие се најуспешни во историјата на тенисот.

„Никогаш не сум бил пријател со Федерер и Надал, тоа не е можно со ривалите, но не сме биле ниту непријатели. Секогаш сум ги почитувал. Благодарение на нив јас станав тоа што сум во моментов“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот денеска ќе настапи во осминафиналето на Рим, а противник ќе му биде Камерон Нори.