Ѓоковиќ нема да игра во Мајами, а сега објасни и зошто!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да настапи на турнирот во Мајами.

Ѓоковиќ минатиот месец го освои Австралијан опен, по што реши да земе подолго одмор од тениските терени.

Српскиот тенисер потврди дека нема да игра во Мајами затоа што сака да помине повеќе време со своето семејство.

„Оваа година за жал нема да се натпреварувам на турнирот во Мајами. Времето со семејството никогаш не е доволно, па затоа решив овој период да бидам со нив затоа што ми претстојат многу турнири и патувања со големи ограничувања. Ќе играм следната година во Мајами“, напиша Ѓоковиќ.