Ѓоковиќ: Нема логика да не заиграм на Ју-Ес опен, освен ако не се вмеша политиката!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кажа дека не ја разбира одлуката на организаторите на Ју-Ес опен да му забранат учество на турнирот поради тоа што не сака да се вакцинира.

Ѓоковиќ нема да добие посебна дозвола за учество во САД поради неговата одлука, но постојат некои нејасни работи, како на пример за американските тенисери кои ќе играат, иако не се вакцинирани.

Србинот исто така му се заблагодари на Американецот Тенис Сандгрен за поддршката.

„Зборував со Сандгрен во последните денови и сакам да му се заблагодарам за поддршката. Тоа што го кажа има значење. Ако на невакцинираните тенисери не им е дозволено да играат на Ју-Ес опен, тогаш тоа важи за сите. Не гледам медицинска логика зад ова. Како ќе игра Сандгрен, а јас нема да настапам? Можеби зад ова стои политичка игра“, кажа Ѓоковиќ.