Ѓоковиќ: Ова беше чудно дежа ву, се загрижив за судијата, сакам да ја пронајдам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека се загрижил за линискиот судија, кој го погоди со топче во текот на мечот против Карен Хачанов.

Најдобриот тенисер во светот се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако славеше со 6-4, 6-3 и 6-3 во осминафиналето, но во еден момент успеа да го погоди судија.

„Не ми беше сеедно… Не затоа што мислев дека ќе ме дисквалификуваат, туку се загрижив. Се обидувам да дознаам дали е во ред. Ова беше навистина чудно дежа ву“, кажа Србинот.

Србинот поради сличен потег беше дисквалификуван од Ју-Ес опен, а американските медиуми тогаш веднаш го осудија за „бруталност“ и „невнимание“, иако беше очигледно дека тој немаше намера да ја погоди судијката.