Ѓоковиќ пак го провоцираат: Вакцина? Не сум слушнал дека е потребна за влез во Австралија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше разочаран по поразот од Доминик Тим во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон во три сета (5-7, 7-6 и 6-7).

Србинот остана без пласман во финале и шанси да ја нападне шестата титула во Лондон, па таа ја освои Данил Медведев.

Ѓоковиќ во меѓувреме замина на одмор, но пред напуштање на Лондон одговараше на прашања на новинарите, од кои некои инсистираа да одговара за вакцината против вирусот.

Ѓоковиќ минатото лето беше на удар на странските медиуми поради вирусот, па и сега решија да го испровоцираат, но тој им одговори и ги замолче.

„Не разбирам што сте ме прашале… Австралијан опен, април? А, мислите на 2021, а не на 2020 и на пријавата за вакцина. Дали ќе се пријавам за неа ако не е неопходна за влез во Австралија? Не знам ништо за вакцината и за тоа дека е потребна за влез во државата. А, не сум ни слушнал дека Австралијан опен ќе се игра во април. Турнирот е во јануари“, кажа Ноле.