Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ успешно го почна турнирот во Синсинати, откако славеше во второто коло против Сем Квери со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-1.
Српскиот тенисер е голем навивач на Ц. Звезда, која синоќа во неверојатна пенал-серија го исфрли Копенхапен. Српскиот шампион славеше дури по 22 пенали.
„Можеби поради Звезда бев нервозен на стартот на натпреварот, зашто до три минути пред влегувањето на теренот скокав во соблекувалната“, вели Ѓоковиќ.
Мечот меѓу Копанхаген и Звезда го следел во друштво на својот тренер Горан Иванишевиќ.
„Се загревав и го следев мечот со Горан и целата екипа од поранешна Југославија. Ова е неверојатен успех, им честитам на сите. Посебно на Борјан, кој успеа да одбрани многу пенали“, кажа најдобриот српски тенисер.