Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден одличен меч во Шангај и се пласира во осминафинале на турнирот.
Ѓоковиќ немаше милост за Флавио Коболи од Италија, па со 6-1 и 6-2 се пласира во осминафинале каде што ќе се соочи против Роман Сафиулин.
Србинот притоа постави и рекорд по процент на добиени натпревари на мастерс-турнирите, односно 82,02 отсто. Ѓоковиќ победи на 406 натпревари, а загуби на 89 во кариерата.
Ѓоковиќ со оваа победа го надмина шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој имаше рекорд од 82 отсто, односно 410 победи и 90 порази.