Ѓоковиќ пред тешка одлука - Вимблдон или ОИ во Париз?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше операција во Париз по повредата во осминафиналето на Ролан Гарос, по што му следи долга рехабилитација.

Ѓоковиќ се повреди пред Вимблдон и Олимписките игри (ОИ) во Париз, а наскоро мора да донесе одлука дали ќе жртвува некој од турнирите.

Вимблдон ќе почне на 1 јули, а засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе настапи и во опасност е да загуби 1.200 бодови, со што ќе падне до петтата позиција на АТП-листата.