Ѓоковиќ призна: Научив една од најважните работи во кариерата од Федерер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ даде интересна изјава во која имаше пофални зборови за неговиот вечен ривал Роџер Федерер.

Србинот му се заблагодари на Федерер за една од најважните работи кои ги научил во тениската кариера.

„Најважното нешто го научив од Федерер, а тоа е организацијата на распоредот за да можам да бидам на врвно ниво на гренслем-турнирите. Тој беше еден од првите кои ја крена организацијата на повисоко ниво. Тоа ме инспирираше“, кажа Ѓоковиќ.