Ѓоковиќ разочаран: Во кариерата победував на вакви натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот Новак Ѓоковиќ го запиша првиот пораз на завршниот турнир во Торино, откако во три сета загуби од Јаник Синер.

Италијанецот доби голема поддршка од домашната публика во текот на натпреварот, а во завршниот тај-брејк го скрши Србинот.

„Мора да му честитате. Одигра одличен натпревар. Мислам дека во најважните моменти играше на високо ниво и заслужи да победи. Главната разлика е тоа што во поважните поени беше решителен. Јас не бев доволно агресивен и му дадов шанса која ја искористи. Во голем дел од кариерата победував на вакви натпревари“, вели Ѓоковиќ.