„Ѓоковиќ се обидуваат да го натераат да оди во – пензија!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Темата за депортацијата на Новак Ѓоковиќ сè уште е актуелна во светот, а многумина сметаат дека Австралија немаше добар третман кон најдобриот тенисер во светот.

Во моментов се игра Австралијан опен, а Ѓоковиќ е во Црна Гора и одмара откако беше депортиран од страна на австралиските власти.

Јекатерина Бичкова го кажа своето мислење за темата и застана во одбрана на Ѓоковиќ за кој смета дека планираат да го натераат да се пензионира.

„Не верувам дека тенисер кој оди на Австралијан опен не ги подготвил своите документи пред пат. Не е исклучена можност да се обидат да го тргнат од тенисот и да го испратат во пензија. Ова не е факт, но постои како опција. Ѓоковиќ се спротистави на системот и тоа вообичаено не завршува добро“, вели Бичкова.